Одгледување на психоделични печурки во нашата Македонија, е можно но не и лесно. Но, како што Том Јорк би рекол – aко го дадеш најдоброто од себе, тогаш тоа е сосема доволно!

Да почнеме со процедурата. Наоѓате страна на интернетов која испорачува спори од психоделични печурки. Да не се мачите, ЕВЕ (клик) ви ја! Потоа праќате писмо со адресата која е на страната што ви ја линкирав, но во писмото што ќе го пратите, ставате друго помало писмо (значи првото ќе биде од поголемите, а второто е во нормална големина) во кое ќе ставите 5 евра и ќе ја напишете вашата адреса.

За 2 недели ќе ви го вратат назад писмото во кое наместо петте евра ќе имате две пакувања со психоделични спори. Купувате прибор кој се состои од ракавици (бели докторски), шприц од 10 мл. со игла, маска за лице (пак докторската), памук, алкохол, нож и лажица (последните четири претпоставувам ги имате по дома).
Земате лажица на која ќе капнете неколку капки ладна дестилирана вода (значи водата предходно ја зовривате и ја чекатете да се олади 24 часа). Во лажицата со дестилирана вода ги ставате спорите така што со предходно загран нож со запалка (заради стерилизација) ќе ги одвоите од принтот и ќе паднат во водата. Предходно површината на која се работи треба да се пребрише со алкохол, да се измијат рацете убаво и да се стават ракавици и маска за лице!

Го полните шприцот со водата со спорите која е во лажицата, но предходно му ја загревате иглата со запалка и ја бришете со памук натопен во алкохол.  Ден предходно, земате мала тегла на која ќе ѝ го дупнете капакот, ќе ја наполните со семки од кои се прават пуканки, ќе ја ставите во лонец со вода и ќе ја зовриете. Потоа чекате 24 часа и  со шприцот со спори, ја дупчите фолијта на теглата на она место каде што капакот е издупчен и ги ослободувате спорите од шприцот во теглата со семки од пуканки и лепите фластер на местото:

Теглата се чува во топла просторија во која температурата несмее да е испод 28 степени(бидејќи сега е лето, ќе немате проблем за тоа). По две недели во теглата се појавуваат бели кругчиња што значи дека спорите успешно се развиле и понатаму не им е потребна никаква стерилизација. Тогаш купувате земја од цвеќара и ја печете во рерна на најголема температура околу еден час. Потоа чекате 24 часа да се излади и во пластичен сад чија внатрешна страна предходно е обложена со фолија, ја мешате земјата со развиените спори од теглата. Ја затварате пластичната кутија и ја ставате во мрак неколку дена додека не изртат никулци на печурки, потоа ја ставате во поголема пластична кутија(помалата сега е без капак!) и просторот меѓу нив го полните со вода (заради одржување на влажност). Ја чувате на топло (не под 28 степени), при што 2-3 пати на ден го отварате капакот на една минута заради проветрување.

По една недела никнуват убави печурчиња кои ќе ги исушите и ќе ги чувате во вакумска кесичка. Таквите се спремни за некоја психоделична сеанса (клик) во која ќе искусите трип од кој можете да научите многу за себе..

Еднаш во една емисија еден научник(не ми текнува кој) го бранеше нападнатиот свој став од тезата дека компјутерите имале лошо влијание врз децата, току со оваа реплика: “И секирата е измислена за сечење дрва, но постојат и такви кои  ја злоупотребуваат користејќи ја за убивање луѓе!”

Ќе завршам со една реченица на Тимоти Лири:

“Умот е како падобран, најдобро функционира кога е отворен!”

by outTake!

Advertisements